Екипата на Астибо на домашен терен во Штип во рамки од плеј-атутот во женска конкуренција предводени од Марија Анчева која постигна 15 гола, славеше против ЖРК Шампион со 30:27. За гостите од Скопје ова беше прв пораз во разигрувањето за опстанок по трите победи по ред.
Победата на штипскиот состав беше најавена уште во првите минути. Првиот гол гостите го постигнаа дури во осмата минута преку Мила Филипова, за тој период домаќините направија серија од 5:0. Анчева зад своето имаше четири гола до таа осма минута, еден беше дело на Климентина Ташкова.
Предноста на домаќините одеше и до плус, а на полувреме се замина со седум гола предност за Астибо 19:11. Вториот дел донесе нешто подобра игра на гостинскиот состав кој преку головите пред се на Симона Димитриевска и Ана Георгиевска се врати резултатски во игра.
Сепак предноста стекната во првиот дел на крајот се покажа како клучна, па Астибо ја однесе победата. Марија Анчева од Астибо без конкуренција беше првото име на мечот со 15 постигнати гола, на спротивната стана Димитриевска постигна осум гола, а Георгиевска шест.
До 27 март има пауза во првенството, по што Астибо игра во Гевгелија, додека Шампион е домаќин на Спартак.