Бекот на Астибо, Марија Анчева, одновно постигна двоцифрен број на погодоци на натпревар од Женската лига.
Штипскиот тим славеше на гостување кај Спартак со 30-26, иако на полувремето имаше негатива од 13-11. Домашните водеа и со плус четири во првиот дел, но потоа попуштија во темпото што сами го наметнаа.
Астибо направи пресврт на стартот на второто полувреме за 15-13, но упорни беа избраничките на Велимир Мицевски и успеаја да израмнат. Штипјанки имаа контрола врз резултатот, но Спартак секогаш беше „тука некаде“.
На три минути до крајот ракометарките на Дејан Величков водеа со 27-26, домашните не реализираа три шанси, Астибо казнуваше и бодовите патуваат за Штип.
Покрај Анчева, во гостинскиот состав добра партија со осум гола имаше и Анита Атанасова, додека кај Спартак седум погодоци постигна Јана Ѓошевска.