АНКЕТА: Кој е најодговорен за дебаклот на ЕП 2022?

Македонија го заврши настапот на ЕП2022 што се уште се одржува во Унгарија и Словачка. Нашата репрезентација го има најлошиот пласман на ЕП од 2012 година кога почна трендот на постојано играње на големите натпреварувања. Ние сме во групата на четири репрезентации од вкупно 24, кои немаат ниту еден бод, односно три порази.

По серијата на пласмани во следната фаза, на претходното ЕП во Австрија во 2020 година исто така не успеавме да ја минеме првата фаза. Сличен дебакал ни се случи и после СП 2021 во Египет, по што настрада селекторот Данило Брестовац. По настапот на ова ЕП, јавноста е поделена околу тоа кој е најодговорен за лошиот настап на Македонија на ова ЕП. Кое е вашето мислење. Дајте го вашиот глас во нашата анкета.

Кој е најодговорен за дебаклот на ЕП 2022?

Селекторот
49.87%
Играчите
40.90%
РФМ
9.23%