Игор Аниќ во јуни 2021 година премина од Сесон Рен да игра во првенството на Јапонија во екипата на Феникс Даидо Стил. После три месеци играње во својот нов клуб пикерот сподели видео на својот Јутјуб канал за тоа што се доживеал во Јапонија.
Со потписот на Аниќ од клубот се надеват на популаризација и подигнување на квалитетот на ракометот во земјата. Јапонската лига има за цел да стане професионална од 2024 година, а особено големо внимание се посветува на домашните играчи.
Аниќ на својот профил на Јутјуб објави видео во кое зборува за различностите кои се застапени во Јапонија. Едно од правилата кои важат во источната земја е тоа што во еден клуб може да има тројца странци од кои само двајца можат да бидат на теренот во исто време. Пикерот е изненаден од професионалноста на играчите и сите поврзани со клубот.
Некои од невообичните ритуали кои му се допаднале на Анчиќ е поклонувањето пред судиите и официјалните лица натпреварот. Исто така сите од клубот се собираат да исчистат лепакот од подот во салата. Единствено правило кое не му се допаѓа е неможноста на патиките ракометарите да имаат лепак.
Во продолжение погледнете го видеото на Аниќ….