Една од легендите на женскиот ракомет, Анита Гербиц, ја игра својата последната сезона на клупски план.
Поранешната репрезентативка на Унгарија по завршувањето на клупската кариера ја чека нов ангажман во Ѓер. Раководството на клубот одлучи Гербиц да биде новиот спортски директор од наредната сезона.
Иако оваа сезона Гербиц беше асистент на главниот тренер на Ѓер, Габор Дани, сепак во неколку натпревари од Лигата на шампионите беше на терен. Во претходната година беше дел и од унгарскиот стручен штаб на Европското првенство во Данска.
Од почетокот на нејзината кариера беше верна на својот клуб односно од 1997 година го носи дресот на Ѓер. За репрезентацијата на Унгарија има одиграно 232 официјални натпревари и постигнато 1111 голови.