Андреј Петковски на голот на Охрид?

Екипата на Охрид е во потрага по засилувања за следната сезона, а еден од играчите кои би можеле да пристигнат во тимот е голманот кој досега бранеше за КЛ 7.

Андреј Петковски имаше добра сезона во редовите на екипата КЛ7, а ракометарот кој е младински репрезентативец и на поширокиот список на сениорската би бил одлично засилување за тимот на Охрид, каде што го имаат Јагош Брауновиќ.

Тој има понуда за трансфер во редовите на Охрид, но останува да се види дали ќе дојде до негова реализација.

Петковски е поранешен ракометар на Вардар, кој бранеше во Вардар јуниор. За Петковски постои заинтересираност и од неколку други екипи од Супер машката лига, но се чини дека екипата на Охрид во моментов е најблизу до договор со него.