Уште еден тренер од Македонија во продолжение од сезоната ќе работи на Косово, а тоа е Aндон Бошковски кој го презема водењето на екипата на Вуштрија (Вучитрн).
Тој веќе дебитираше за новиот клуб и тоа со победа на гостувањето кај Лепенци од 39:29 со што продолжи сигурниот од кон првото место на табелата и пласманот во Супер лигата.
Бошковски ќе има сериозна задача бидејќи се очекува да го внесе клубот во најсилната лига на Косово, а стартот беше одличен така што поранешниот тренер на Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Пролет, Работнички…ќе има нов предизвик во пролетниот дел од сезоната.