Охрид победи 28-25 во дуелот со Вардар Неготино, но мораше да се испоти за да ги освои трите бода против дебитантот во Супер лигата. По овој триумф охриѓани се во Топ-4 на табелата во Група А и сега имаат пет бодови повеќе од Струга која е петта на табелата.
Тренерот на Охрид, Горан Андоновски, вели дека влегле во мечот опуштено и тоа им се вратило. Сепак според него најважно е што ги освоиле трите бода кои се особено важни за борбата за влез во плејофот.
„Делуваше на нас тоа што не трениравме комплетни скоро две и пол недели, Халил Озтурк се’ уште е отсутен, го одмарав Бојаниќ кој имаше повреда, влеговме и опуштено во натпреварот и тоа ни се врати, моравме да се мачиме 60 минути со ваков противник, но сепак три бода се три бода и продолжуваме понатака, да се подготвуваме за следниот натпревар, изјави Андоновски.
Во следното коло Охрид дома ја пречекува екипата на Бутел од која во првото коло загуби на гостински терен
„Тоа ќе биде една тешка рововска битка на две екипи кои играат тврди одбрани и се надевам дека ние во таа битка ќе сме подобри, ќе освоиме три бода и ќе сме искачиме што повисоко на табелата“, истакна Андоновски.