Андоновски: Пред еден месец Тиквеш имаше три бода, сега сме во првите шест

Екипата на Тиквеш претрпе пораз на гостувањето кај Вардар со 27:34, но ова беше натпревар на кој „црвено-црните“ беа фаворити и нема да биде минус за тимот од Кавадарци. Напротив момците одиграа добра средба и ќе им користи за следните предизвици.

Тренерот Горан Андоновски е задоволен од направеното денеска на теренот во салата во СЦ „Јане Сандански“.

„Не само што сум задоволен туку сум презадоволен бидејќи имавме силен ривал денеска. Вардар излезе со силен состав на терен. Се надигрувавме и дадовме 27 гола. Нашите голмани немаа свој ден и имаме пристоен резултат. Затоа сум презадоволен. Доколку играме вака против директните конкуренти за плеј-оф тогаш имаме реални шанси за да играме во плеј-офот“, коментираше Андоновски за 24 Ракомет.

Според тренерот на Тиквеш од следното коло тргнува решавачкиот дел околу пласманот во плеј-офот.

„Со победа против Радовиш во следното коло сигурно ќе бидеме во првите шест. Потоа следуваат решавачките натпревари против Охрид, Пролет, Бутел… на домашен терен и секако со Металург“.

Во последниот месец беше направен голем чекор напред така што е јасно дека Тиквеш сега е кандидат за пласман во првите шест екипи кои напролет ќе разигруваат за титулата.

„Пред еден месец Тиквеш имаше три бода и беше далеку за влез во првите шест. Со игрите кои ги покажуваме сега и со победа против Радовиш во следното коло ќе дојдеме во ситуација натпреварот против Охрид да биде еден од решавачките за пласманот во плеј-офот. Сепак, нема да биде и одлучувачки. Има уште доста. Само да не одминат повредите и ќе можеме да бидеме во голема битка за плеј-оф и висок пласман“, изјави Андоновски.

Следното коло ќе го постави Тиквеш како фаворит против Радовиш, но потоа ќе биде уште поинтересно. Секако допрва следува главната битка за пласман во плеј-офот од Супер машката лига.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

Вардар им се врати на победите, освои три бода против Тиквеш