Екипите кои претендираат за место на европска сцена, Охрид и Тиквеш, денеска во спортската сала „Билјанини извори“ ја имаа првата пресметка од плеј-оф фазата во Супер машката лига. Четата на Горан Андоновски со денешната победа над Охрид од 28:26 успеа да направи исчекор и со првата освоена победа во плеј-оф натпреварувањето се искачи на 4. позиција на табелата.
Гостинската екипа од Кавадарци ги искористи речиси сите грешки на домаќинот во воведниот дел и по пет минути игра дојде до водство од 3:0. Ракометарите на Раде Стојановиќ првиот гол на натпреварот го постигнаа по осум минути игра преку Кривокапиќ. При водство на Тиквеш од 5:2, следуваше серија од 3:0 на домаќините, кои со погодоците на Николов, Тасески и Андоноски, го изедначија резултатот на 5:5.
Кавадарчани не дозволија Охрид да направи целосен пресврт и со поголема ангажираност во следниот период повторно имаа резултатска позитива, која во 20. минута беше плус четири гола разлика, 10:6. Голманот на Охрид, Брауновиќ, со своите одбрани сѐ уште го одржуваше својот тим во игра. Охрид ги награди одбраните на својот голман и со три гола во низа намали на минус еден, 9:10. Во завршниот дел од првите 30. минути, Тиквеш имаше подобро издание и на полувреме замина со предност од 15:12.
Со голот на Стефановиќ, гостите во стартниот дел од првото полувреме зголемија на 16:12. Иако, домаќините беа во налет за враќање во игра, сепак во преголемата желба направија неколку грешки, со кои му овозможија на Тиквеш највисоко водство од 21:15. Охрид со расположениот Ивановски на десет минути пред финишот ја продолжи одличната серија која резултираше за минус еден, 21:22.
Во последната минута се влезе во неизвесна завршница бидејќи Охрид со голот на Ристески намали на 26:27. Тиквеш во својот последен напад ја искористи ситуацијата со играч повеќе и преку Кондев успеа да обезбеди триумф во денешниот натпревар од 28:26.
Најефикасен во победничката екипа беше Дејан Гошевски со шест погодоци, а четири ракометари, Никола Стефановиќ, Дарко Кондев, Страхина Симиќ и Јане Јанчев, постигнаа по пет гола. Во поразениот табор, листата на стрелци беше предводена од Мартин Ивановски со пет погодоци.
ОХРИДТИКВЕШ 2014
11 април 2022
26 - 28Крај |
Детали
| Датум | Време | Лига | Сезона | Крај |
|---|---|---|---|---|
| 11 април 2022 | 02:26 | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 60' |
Место
| СРЦ „Билјанини извори“ |
|---|
Резултати
| Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
|---|---|---|---|
| ОХРИД | 12 | 26 | Пораз |
| ТИКВЕШ 2014 | 15 | 28 | Победа |
ОХРИД
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Јагош Брауновиќ | голман | 0 | 1 |
| 4 | Крсте Андоновски | лево крило | 0 | 2 |
| 6 | Филип Кривокапиќ | централен бек | 1 | 1 |
| 8 | Наум Костов | десно крило | 0 | 0 |
| 10 | Филип Николов | десен бек | 1 | 4 |
| 11 | Мице Шилегов | десно крило | 0 | 0 |
| 12 | Христијан Ковачески | голман | 0 | 1 |
| 13 | Славчо Шулески | - | 0 | 0 |
| 14 | Михајло Младеновиќ | лев бек | 1 | 4 |
| 19 | Иван Тасески | пивот | 0 | 4 |
| 21 | Филип Грубор | - | 0 | 1 |
| 24 | Мартин Манасков | лев бек | 0 | 0 |
| 34 | Мартин Ивановски | централен бек | 0 | 5 |
| 35 | Николче Ристески | лево крило | 1 | 3 |
| 55 | Христијан Димитриески | пивот | 0 | 0 |
| Вкупно | 4 | 26 |
ТИКВЕШ 2014
| # | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Благој Панов | голман | 0 | 0 |
| 10 | Стефан Дрогришки | лев бек | 1 | 0 |
| 11 | Евгениј Темелкоски | десно крило | 0 | 1 |
| 12 | Марјан Велков | голман | 0 | 0 |
| 13 | Борче Соколов | централен бек | 1 | 0 |
| 16 | Александар Стојаноски | голман | 0 | 0 |
| 17 | Давид Иванов | - | 0 | 0 |
| 18 | Никола Стефановиќ | пивот | 0 | 5 |
| 19 | Дејан Гошевски | десен бек | 0 | 6 |
| 23 | Стефан Милков | - | 0 | 0 |
| 24 | Дарко Кондев | лево крило | 0 | 5 |
| 26 | Ристо Окардов | пивот | 0 | 0 |
| 33 | Димитар Коцев | лево крило | 0 | 0 |
| 34 | Страхиња Симиќ | централен бек | 0 | 5 |
| 77 | Јане Јанчев | централен бек | 1 | 5 |
| 96 | Стефан Трпчевски | десен бек | 0 | 1 |
| Вкупно | 3 | 28 |
Officials
| Судии: | Делегат: |
|---|---|
| НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ НИКОЛОВ СЛАВЕ | ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО |



ОХРИД






















