Тимот на Мулти Есенс победнички ја заврши сезоната во прволигашкото друштво откако славеше против Драчево со убедливи 40-25.
Момците на Бранислав Ангеловски уште на стартот поведоа со 5-1 и најавија дека ќе стигнат до лесен триумф. До паузата домашните водеа со шест гола разлика, 19-13.
Второто полувреме беше само формалност, во кое новиот суперлигаш само ја зголемуваше разликата до плус 15.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Димитар Узунчев со осум гола, како и Михајло Костовски и Дарин Омерагиќ со по шест. Кај Драчево се истакнаа Димитар Петковски со седум и Ѓорѓи Дука со шест погодоци.
Ова беше последен натпревар на клупата за Бранислав Ангеловски, кој заминува од новиот суперлигаш без ниту еден пораз.