Анастасовски уште две сезони во Тиквеш

Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Тиквеш успеа во своите редови да го задржи Кристијан Анастасовски, кој во тимот од Кавадарци ќе остане уште најмалку две сезони.

Анастасовски во амбициозниот тим на Тиквеш пристигна во вториот дел од изминатата сезона и веднаш се покажа како одлично засилување за кавадарчани.

Кружниот напаѓач беше еден од клучните играчи во составот на Матлиески, играше до два правци и претставуваше сериозна закана за секој ривал.

Тиквеш претходни ги продолжи договорите и со Страхиња Симиќ, Димитар Коцев, Евгениј Темелкоски, Никола Стефановиќ и младинскиот и кадетски репрезентативец Славчо Шулевски.

Моментално, нови играчи во Тиквеш за следната сезона се Мирко Мајиќ од Бутел Скопје и репрезентативецот на Нигерија, Ани Обина.