Македонскиот кружен напаѓач Кристијан Анастасовски, по две сезони минати во Франција, заминува од клубот Анже.
Клубот на Анастасовски има сезона за заборав и ќе испадне еден ранг подолу во Франција, па македонскиот пивот ќе побара нова средина.
Тој беше дел од Вардар Јуниор долго време, играше и за Работнички, а пред да замине во странство настапуваше и за составот на Охрид.
Веќе има понуди за камбек во македонската Суперлига, но не е исклучено кариерата да ја продолжи во странство.