Бјорн Пацен е првата асоцијација кога ќе се споменат новинарите во ЕХФ или ИХФ. Германскиот спортски новинар веќе 25 години ги следи настаните во светот на ракометот и известува за различни германски и меѓународни медиуми. Меѓу нив се и најголемите ракометни организации ИХФ и ЕХФ. За 24Ракомет од свој агол го анализира Светското првенство во Шведска и Полска.
По годините на пандемија очекувам полни сали и одлична атмосфера во Полска и во Шведска, бидејќи луѓето од двете земји го сакаат ракометот, а особено во Шведска каде се очекува како голем настан. Мои фаворити се горе-долу вообичаените селекции како: Данска, Франција, Шведска, Норвешка и можеби Шпанија (но без Гомез ќе имаат проблем со голови), но сосема сум сигурен дека Исланд овојпат може да се надева на полуфинале. Само ако во групата од главната фаза зад себе ја остават Шведска. За разлика од нив, Хрватска не ја гледам меѓу 8-те најдобри репрезентации, а домаќинот Полска само ако има среќа ќе биде во завршницата, додека единствената селекција надвор од Европа што ќе биде во четвртфиналето е Египет.
За Македонија се до последниот натпревар против Аргентина, не гледам шанси за победа, бидејќи репрезентациите на Норвешка и на Холандија – играат пребрзо во нападот во однос на Македонците. Генерално, Дејан Манасков, Никола Митревски и Филип Кузмановски имаат меѓународно искуство и играат на високо меѓународно ниво, но генерално на македонските играчи им недостига меѓународно искуство.
Хиерархијата на тимот ќе биде интересна со првиот турнир досега без Кирил Лазаров на теренот, но на клупата. Ако Македонија успее да ја победи Аргентина и да се пласира во главната рунда, Германија и Србија изгледаат недостижни според мене, можеби можат да направат изненадување против Катар – но јас не ја гледам Македонија како кандидат за четвртфинале. Нивниот стил ќе биде класичен балкански начин на игра, со силна одбрана, високи шутери и обиди да постигнат гол од брзи контри, но ќе изостане магијата на Лазаров.
Според мене четвртфиналето би изгледало вака: Франција – Германија, Шведска – Египет, Норвешка – Шпанија и Исланд – Данска. Во полуфиналето двојките би биле Франција – Норвешка и Шведска – Данска. Финале: Франција – Шведска, за бронзата би играле Норвешка – Данска, во дуелот за 5.место: Исланд – Шпанија и за 7.место: Египет – Германија.
Конечен пласман: злато – Франција, сребро – Шведска, бронза – Данска. Понатаму би следеле: 4.место Норвешка; 5.место Исланд; 6.место Шпанија; 7.место Египет и 8.место Германија.
Франција има тешка група во главната фаза со Шпанија, Словенија и Полска, но со победи во групата патот до финалето ќе им биде полесен – и на крајот, нивната силна одбрана и нивната индивидуална класа во нападот со Фабрегас и Мем ќе бидат клучниот фактор за освојување на златниот медал. Во споредба со Данска и Шведска имаат послаба голманска позиција, но тоа нема да биде фактор.
Шведска овојпат ќе има поддршка од навивачите и нема да ги разочара како во 2020 година кога не стигна до полуфиналето на домашен терен, со ѕвездите како Готфридсон, Ване, Екберг и нивните голмани „ќе го трасираат патот“ до финалето, иако нок – аут натпреварите против Исланд и Данска нема да бидат лесни.
Данска сè уште смета на многу играчи од нивната златна генерација, заедно со ѕвезди во подем како Гидсел, Плог Хансен или Емил Јакобсен, но како и на ЕУРО 2022, нивната класа нема да биде доволна за пласман во финалето, како на пример Микел Хансен кој е врвот.
Проблемот на Норвешка е повредата (подолг период) на Сандер Сагосен, тој можеби ќе биде фит, но недоволно фит за да го одигра турнирот како што вообичаено можеше. Голманите, одбраната и голови од брзи контри ќе бидат белег на овој тим. И нивниот нов тренер може да смета на стари структури, но доволно за главната фаза, но не и за трката за медалите.
Египет напредува многу, а нивните врвни ѕвезди сега речиси сите играат за европски клубови, десниот бек Омар Јахија ќе биде еден од најдобрите играчи на Мундијалот и ќе им биде важна предност во борба со тимови како Хрватска и Шведска, но медалите повторно се недостижни.