Адриан Костеу е романски новинар, со 15-годишна кариера. Пишува за ракомет за различни медиуми, портали и веб-страници во неговата земја. Тој е исто така коментатор на ПРО ТВ, каде што се емитуваат натпревари од романските шампионати во машка и женска конкуренција. Од местото на настанот, Костеу следеше 10 големи турнири во последните 7 години.
28-то издание на Светското првенство за мажи на ИХФ се очекува да биде едно од највозбудливите досега, со многу репрезентации подготвени да дадат одлични перформанси, додека аутсајдерите треба да гризат, бидејќи тимовите обично изненадуваат во ова натпреварување.
Со 32 репрезентации работите ќе бидат уште потешки за фаворитите, бидејќи нема лесни натпревари во ова натпреварување. Ова особено со фактот дека девет натпревари ќе треба да се одиграат на патот до трофејот во рок од само 18 дена.
Вообичаените фаворити за освојување на трофејот треба повторно да бидат истите, кои импресионираа на последните турнири. Пред се Данска. Скандинавската репрезентација има низа од 18 натпревари без пораз на Светското првенство и одличен скор низ нокаут фазата.
Белгија, Бахреин и Тунис не се конкуренти за тимот на Николај Јакобсен, додека тие подоцна најверојатно ќе играат против со Египет, Хрватска и една од селекциите на Мароко или САД во главната фаза, каде уште ќе имаат епитет фаворит.
Домаќинот Шведска, актуелниот европски првак, сите натпревари ќе ги игра на домашен терен, што ќе биде огромен плус, но по прелиминарната рунда работите ќе станат потешки, особено во главната фаза, каде би можеле да се соочат со три европски селекции – Исланд, Португалија и Унгарија.
Нема да има простор за грешка и за Франција, која стартува против ко-домаќинот Полска, а исто така најверојатно ќе се соочи со Шпанија во главната фаза, уште една селекција која ќе атакува на трофејот, а е составена од искусни играчи и млади „војници“ подготвени да остават свој белег.
Но, кој може да ги сруши прогнозите? Па, за почеток, Египет. Најверојатно ќе приреди уште еднаш едно или две изненадувања, бидејќи многу нивни играчи веќе играат во Европа и добиваат се повеќе и повеќе искуство. Тие, исто така, најверојатно ќе дадат сè за нивниот тренер Роберто Гарсија Парондо, кој ќе го напушти тимот по овој турнир.
Еден друг аутсајдер на кој треба да се внимава ќе биде Холандија, која импресионираше на ЕП 2022 година, но имаше некои погрешни чекори во последните месеци од 2022 година, како поразот на натпреварот против Грција во квалификациите за ЕП 2024 година. Со новиот тренер, шведскиот ас Штафан Олсон, тоа е можен проблем за холандскиот тим, но тие во своите редови ќе го имаат влијателниот централен бек Лук Стеинс. Тој е важен дел во тимот, а се враќа по повредата.
Што е со Македонија? Па, ќе биде интересно да се види како тимот навистина ќе функционира на Светското првенство без Кирил Лазаров. Да се игра турнир на кој тој секогаш одново и одново испишуваше историја.
Македонија во октомври имаше победа од 14 гола против Луксембург и девет гола против Турција, но овојпат противниците ќе бидат потешки. И имајте на ум дека Лазаров ќе биде таму, но како тренер.
Групата е многу тешка, противници се Норвешка, Аргентина и Холандија. На тимот на Лазаров му е потребна барем една победа да се игра во следната фаза. Ќе биде тешко, но оваа македонска селекција најверојатно ќе направи се за својот тренер, кој имаше одличен старт во својата кариера и покрај раната елиминација на Европското првенство 2022 година.
Клучните победи против Романија и Чешка во баражите ја донесоа Македонија овде, така што се е можно, со добра работа.
Секогаш е тешко да се даде предвидување пред почетокот на турнирот.
Но, ќе се обидам.
1.Данска, 2. Шведска, 3. Франција, 4. Шпанија, 5. Германија.