Репрезентацијата на Мароко не е и не треба да биде репер за нашата репрезентација. Во секој случај честитки за победата. Во целина – целото првенство лошо го одигравме, како во одбрана, така и во напад. Играчите како да беа немотивирани.
Како на сите натпревари и сега игравме без контакт, без фаул, без воља, најверојатно толку им се можностите на некои од играчите. Можеби треба да им се даде шанса и на други играчи, но сепак изборот на репрезентативците е на селекторот.
Денеска сите одиграа во рамки на своите можности, сепак Мароко е многу послаб од нас и од другите репрезентации на Светското првенство. Претходно немавме контри на натпреварите, дека сите на поминуваа 1-1 или 2-2, едноставно немаше контакт, фаул немавме никаква одбрана.
Во играта 1-1 не сме немоќни, едноставно Аце Јоноски ќе има многу работа да најде играчи, како што тој играше во одбрана.
Имаме смена на генерација, но малку ми е чудно да бидат повикани играчи кои и не играат во своите клубови. Ни фалеше среден бек, некој кој ќе направеше позиција и за Талески. Малку е чудно што не беше повикан Танкоски, кој игра во клубот, игра 50-60 минути во Лига Европа. Без вистински среден бек ја немаше ниту нашата десна страна, која беше навистина отсечена, немавме топка до десно крило. Се беше некако споро. Да беше и Јагуриновски немаше нешто многу што ќе променеше, но можеби ќе помогнеше и ќе покриваше на таа десна страна.
Со Јужна Кореја ќе ни биде потешко, ќе имаме големи проблеми особено што и тие играат брз ракомет. Секако сакам да победиме, но сметам дека ќе биде исклучитело тешко.