Агенцијата за млади и спорт ги прогласи најдобрите спортисти во повеќе категории за годината што полека си заминува.
Меѓу наградените беше и Ива Младеновска, која беше прогласена за најдобра млада спортистка за 2021 година.
Десниот бек на Металург беше МВП на ЕХФ шампионатот во Литванија, каде што кадетската селекција на Македонија се закити со злато.
Токму женската кадетска репрезентација беше прогласена за најдобра женска репрезентација во 2021 во изборот на АМС.
За најдобар спортист заслужено признание доби таеквондистот Дејан Георгиевски по среброто на ОИ во Токио, додека за најдобра спортистка беше прогласена Мери Акиевска, која освои четири медали на СП во бодибилдинг.