Агенцијата за млади и спорт вечерва на свечена церемонија ги прогласи најдобрите во спортот за 2022 година.
Мак-ракометот доби четири признанија. Сениорските репрезентации во машка и женска конкуренција беа прогласени за најдобри во своите категории, додека РФМ е прогласена за најдобра федерација.
Нашата легенда Кире Лазаров, заедно со Горан Пандев добија признанија – великани на македонскиот спорт по завршувањето на нивните богати и успешни кариери.
Наградата за најдобар спортист на Македонија му припадна на Владимир Егоров во борење, додека за најдобра спортистка наградата ја доби Оливера Наковска Бикова која ги освои титулите и на ЕП и СП во пара стрелаштво.