Едуарда Аморим имаше желба кариерата ја продолжи во Лигата на шампионите, се појавија неколку клубови во игра, но на крајот остана во Ростов Дон.
Сега во интервју за рускиот „Брз Центар“ откри што се случувало во последните недели. Во норвешките медиуми имаше информација дека ќе се пресели во Букурешт.
„Букурешт беше заинтересиран, но го пропуштија преодниот рок па затоа не беше ништо блиску до реализација“.
Голем број странски ракометарки ја напуштија Русија, но таа остана.
„Многу размислував за тоа, секој играч го прави тоа што смета дека е најдобро за него. Некои девојки ги раскинаа договорите, но мојот план е да се повлечам на крајот од сезоната и ми беше важно тоа да го направам на теренот. Не сакав да останам без клуб и без ракомет во последните месеци. Се обидов да пронајдам клуб кој игра во Лигата на шампионите“.
„Не гледав потреба да си заминам од Ростов за клуб кој игра само во домашното првенство. Две недели барав можност за преселба во клуб кој игра во ЛШ, а клубот ме чекаше да изберам, навистина имаа разбирање. Сега се трудам да ја прифатам ситуацијата и да продолжам понатаму“.
Потврди дека ја игра последната сезона во кариерата.
„Дефинитивно ова е последна сезона за мене, време е да размислувам за основање на семејство. Се борев како лавица во и надвор од теренот за да играм во последните месеци во ЛШ, не успеав. Сепак тоа што на 35 години интерес за мене покажаа 4-5 екипи кои играа во плеј-офот е доказ дека нешто сум постигнала. Крајот на кариерата не излезе како што замислував, но ќе се справам со разочарувањето“, изјави Аморим.