Американската репрезентација стигна до убедлива победа на мешаната штафетна трка 4×400 метри на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Доха.
Вилберт Лондон, Алисон Феликс, Куртни Около и Мaјкл Чери ја завршија трката со време 3:09:34 минути и поставија нов светски рекорд во дисциплината која првпат е дел од светските првенства, а ќе биде атрактивна и на Олимпијадата во Токио наредната година.
Зад американската штафета се најдоа претставниците на Јамајка, додека бронзените медали ги освоија атлетичарите од Бахреин. Британците беа само четврти, но поставија нов европски рекорд.