Третопласираниот тим од минатата сезона во Женската лига, Чаир, го означи стартот на подготовките за новата сезона.
Чаир се засили со шест нови ракометарки – Клеа Ајвази, Севда Озкан, Марија Галевска, Ивана Џатевска, Бојана Диневска и Теодора Дукоска.
Според претходно изготвен план и програма, екипата првата фаза од подготовки ќе ja реализира во Скопје, со комбинирани тренинзи во сала, фитнес сала и на отворено.
Потоа следува настап на силен турнир во чешкиот град Ходинин, каде избраничките на Басри Љатифи ќе имаат четири проверки.
Покрај настапите во Женската лига, Чаир ќе игра и на меѓународна сцена во Европскиот Куп, каде за ривал го доби холандскиот состав Венло.