Амбициозната Татабања, која минатата сезона го освои третото место во унгарскиот шампионат, донесе уште две засилувања пред стартот на новата сезона.
Станува збор за поранешниот унгарски репрезентативец со иранско потекло, Иман Џамали, кој минатата сезона имаше одлични партии за Цеглед.
Покрај него, доаѓа уште еден млад играч од Иран, а се работи за левиот бек Реза Јадегари, кој ќе им се придружи на Џамали и на Обрадовиќ.
Претходно Татабања го донесе плејмејкерот Адам Јухас од португалската Бенфика, голманот Ласло Бартуч од Ѓенѓеш, како и младите Унгарци – Еклемовиќ, Вајда и Краковски.
Татабања ќе игра во Лигата на Европа претстојната сезона.