Тимот на Ал Мудар од Саудиска Арабија објави дека нов тренер на екипата ќе биде поранешниот селектор на Чиле, Матео Гаралда.
Шпанецот, кој во својата клупска кариера шест пати ја освојуваше Лигата на шампионите, во Ал Мудар ќе биде замена за довчерашниот тренер Зоран Кастратовиќ.
Гаралда во периодот од 2012 до 2014 година ја предводеше Гвадалахара од Шпанија, потоа една сезона беше на чело на романска Бакау.
Во текот на 2016 стана селектор на машката сениорска репрезентација на Чиле и на чело на јужноамериканската селекција беше до јули, 2022.
Откако остана без репрезентативен ангажман, на почетокот на изминатата сезона го презеде Замалек од Египет.
Како репрезентативец на Шпанија освои голем број медали на големите натпреварувања. Најголемиот успех на репрезентативно ниво го постигна во 2005 кога со шпанската репрезентација стигна до злато на Светското првенство во Тунис.