Алушовски: Последните 15 минути беа тотална катастрофа за нас

Екипата на Вардар денеска претрпе висок пораз на гостувањето во Германија кај Кил од 23:34 со што практично вторпат сезонава загуби со 11 гола разлика. „Црвено-црните“ немаа сили за да издржат против тимот кој игра сè подобро.

Ова беше прв натпревар за Алушовски на клупата на Вардар во Лигата на шампионите, немаше можност за убаво деби.

„Не сум адоволен од она што го покажавме денеска. Одигравме добро 45 минути, но во последните 15 минути беа тотална катастрофа за нас. Имавме неколку лоши пасови и лоши шутеви кои на крајот не чинеа висок пораз. Му честитам на тимот на Кил, кој денеска беше подобриот на теренот. Сепак, нема да застанеме тука и продолжуваме да размислуваме и да се подготвуваме за дуелите кои ни претстојат“, изјави алушовски после средбата против Кил.

Следниот натпревар ќе биде против Мотор Запороќје на 15 февруари во СЦ „Јане Сандански“.