Ракометарите на Вардар утре патуваат за белорускиот Брест со чартер лет, а в среда ќе го играат првиот натпревар од Лигата на шампионите против незгодниот домаќин.
Тренерот Стевче Алушовски вели дека грешките кои се појавуваа во нападот на тимот на пријателските средби и на завршниот турнир во Задар, се веќе елиминирани и дека вардарци се подготвени за поволен резултат на незгодното гостување.
„Натпреварот со Мешков е прв во низата од оние што не чекаат во ЛШ. Сето она што го работевме досега беше подготовка за овој дуел. Имавме големи проблеми на пријателските натпревари, па и на оние во Задар на завршниот турнир во СЕХА лигата, пред се во играта во напад. Задоволен сум од тоа како сме пдоготовени за овој дуел. Мешков ни е стар познаник, секогаш играат на Ф’ во СЕХа и сериозен ривал во ЛШ. Со доаѓањето на Скубе, Мешков доби квалитет плус и ја имаат благата фаворитска улога. Она јас очекувам е да биде подигнато нивото на играта во напад, го анализиравме Мешков во Задар и знаеме кои се слабите страни на тимот и мислам дека подготвени ќе го дочекаме овој дуел и тоа ќе биде доволно да се вратиме со поволен резултат од Брест“, вели тренерот Алушовски.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра в среда во салата „Викторија“ со почеток од 18:45 часот.
Во преостанатите натпревар од групата каде што игра Вардар, ќе играат Порто и Елверум, ПИК Сегед ќе го пречека ПСЖ, додека во Германија, бундеслигашот Фленсбург ќе биде домаќин на полскиот Келце.