Тимот на Еурофарм Работник изненадувачки загуби од составот на Мешков Брест, кој во ростерот имаше многу играчи од втората екипа. Тренерот Стевче Алушовски смета дека со толку примени голови, не може да се победи екипа како Мешков.
“Имаме многу проблеми во ротацијата со повредените играчи Маркоски и Кукоски, Вегар исто така. Кога имате само двајца играчи кои можат да бидат во централниот дел од одбраната ќе имате големи проблеми. Примивме многу голови во првиот дел. Кога ќе примите вкупно 35 голови, тешко е да победите против екипи како овие екипи што се дел од СЕХА лигата. Тие беа апсолутно подобри во сите сегменти од играта. Овој натпревар не врати во реалноста и ни покажа до каде сме”, изјави Алушовски.
За Еурофарм Работник нема многу време за одмор, бидејќи го чека натпревар од Лигата на шампионите против тимот на Спортинг Лисабон в сабота.