Тимот на Тор Акурејри предводен од клупата од македонскиот стратег Стевче Алушовски обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Исланд.
Тор Акурејри славеше на гостувањето кај ИБВ Вестманејар со убедливи 13 погодоци разлика, 35-22.
Поради ситна повреда, македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски не беше во ростерот за овој натпревар во Купот.
Следниот викенд Тор Акурејри го очекува нов предизвик во шампионатот против Фјолнир, а ривалот во четвртфиналето ќе биде познат по комплетирањето на сите двојки од осминафиналето.
Во првенството, составот на Алушовски во досега одиграни 12 натпревари, има девет победи и три порази, што е доволно за четвртата позиција. но првите три тима имаат одиграно и натпревар повеќе.