Екипата на Еурофарм Работник претрпе нов пораз, овој пат во рамки на СЕХА-лигата каде што досега имаше три победи.
После поразот од Загреб со 23:24, тренерот на битолчани го искажа своето видување, а воедно му честиташе за победата на својот некогашен тренерот додека како играч настапуваше за Вардар.
„Би сакал да му честитам на мојот пријател, Веселин Вујовиќ за неговата прва победа на клупата на Загреб откако се врати во клубот. Ова беше навистина тежок натпревар. За нас ова е нов меч кој го губиме со самое еден гол разлика и ние мора да продолжиме да работиме уште понапорно во следниот период за да можеме да се подобриме за следните натпревари“, изјави Алушовски.
Следиот натпревар тимот на Еурофарм Работник го има веќе на 8 октомври, а натпреварот се игра во Белорусија против Мешков Брест.