Тимот на Тор Акурејри, каде што игра Томислав Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски стигна до нова победа.
Во Втората лига на Исланд, Тор Акурејри славеше на гостувањето кај Афтурелдинг со убедливи 41-26.
Македонскиот десен бек се врати во составот на Тор Акурејри и беше втор стрелец во високиот триумф со седум погодоци.
Составот на Алушовски во досега одиграни 12 натпревари, има девет победи и три порази, што е доволно за четвртата позиција. но првите три тима имаат одиграно и натпревар повеќе.
Во следното коло Тор Акурејри ќе игра на домашен терен против составот на Фјолнир.