Алушовски: Дијамантскиот круг е голема туристичка атракција на Исланд

Сезонава Македонија има свој претставник меѓу тренерите во Исланд, а тоа е поранешниот стратег на Еурофарм Пелистер и Вардар, Стевче Алушовски, кој е презадоволен од убавините на Исланд и од сето она што може да се види.

„Има многу природни убавини. Се наоѓам во место кое е во дијамантскиот круг. Туристичка атракција каде има што да се види. Прекрасно езеро, геотермални извори кои се слични на Сината лагуна во Рејкјавик. Има вулкани кои не се активни, најголемиот водопад… Многу природни убавини во кои може да се ужива. Има место каде што можат да се видат и китови, а кога е ведро може да се ужива во аурора бореалис. Од економска гледна точка не е скапо доколку се купува во маркети, но цените во рестораните се повисоки 4-5 пати од Македонија. Главно, животот е многу сличен. Има многу обврски и постојано движење“, вели Алушовски во интервјуто за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение.

ИНТЕРВЈУ СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ: На Исланд ми фали македонското сонце, но луѓето се топли како во екс-Југославија