Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски ги имаше првите коментари после дуелот против Мешков брест, а на прес-конференцијата после средбата тој изјави дека играле добро, но се радувал посреќниот состав.
„Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Денеска победи посреќната екипа. Морам да му честитам на тимот на Мешков Брест. Напраивме клучни грешки во последните пет минути кои на крајот пресудија за тоа кој ќе се радува на крајот од средбата. Не сме среќни, нашите навивачи исто така, но морам да им честитам на моите играчи. Мислам дека ни претстои многу работа и мораме да гледаме напред кон натпреварот кој ни доаѓа следниот четврток против Елверум“, изјави Алушовски.
Вардар стартуваше со пораз, иако долго беше во водство, но јасно е дека веќе на следниот дуел ќе се бараат бодови и тоа на свој терен против Елверум.