Алушовски: Го сакам Никола Митревски во Вардар!

Стевче Алушовски и во новата сезона ќе биде предводник на европскиот шампион Вардар.

Тој во интервју за „Balkan Handball“ потврди дека во ростерот го посакува и доскорешниот голман на Еурофарм Пелистер и сака да соработува повторно со него.

„Го сакам Никола Митревски во Вардар, мислам дека тој се уште го нема договорено трансферот во Порто“, вели Алушовски.

Од Вардар заминуваат голманите Артурс Кугис и Калифа Гедбан, а блиску до останување се Марко Кизиќ и Борко Ристовски.