По триумфот над Веспрем, ракометарите на Еурофарм Работник ги чека тешко гостување кај хрватскиот првак Загреб во регионалната СЕХА лига.
Стратегот Стевче Алушовски вели дека има голема чест што ќе игра против тим предводен од некогашниот негов тренер Веселин Вујовиќ.
„Големо е задоволството да играме играме против гигант како Загреб и посебно против мојот поранешен тренер Веселин Вујовиќ. Од него многу научив и среќен сум што ќе го видам пак. Ние сме малку уморни, но среќни по натпреварот со Веспрем. Сите играчи се мотивирани кога се игра во Загреб. Маркоски поради повреда остана во Битола. Сите наши натпревари се драматични, мислам дека може да му парираме на домаќинот“, изјави Алушовски.
Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Работник се игра вечерва во хрватската престолнина со почеток во 19:00 часот.