Австрискиот вицепрвак Алпла Хард го одреди терминот за натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Младите битолчани предводени од тренерот Александар Јовиќ ќе гостуваат во Хард на првиот натпревар, а реваншот ќе се игра во „Боро Чурлевски“
Натпреварот ќе се игра од 19:00 часот во „Шпортхале Ам Зи“ или во „Салата покрај езерото“ на 27 август.
Салата во која е домаќин Алпла Хард има капацитет од 2.400 гледачи и се наоѓа на брегот на езерото Констанц (Боденско Езеро).
До европскиот настап тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе одигра пријателски натпревари против Еурофарм Пелистер, Охрид и косовскиот Вучитрн.