Вардарци загубија со 32-36 од Мешков Брест во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
Белорускиот првак како никогаш досега лесно триумфираше во Скопје, па тренерот Алонсо е задоволен.
„Одушевени сме од начинот на кој игравме и од резултатот. Знам дека ова е тешка ситуација за секој клуб, исто и за Вардар, но ние имаме и наши проблеми. За нас беше многу важно да го развиваме нашиот тим и победа кај Вардар секогаш е специјална, затоа што се работи за специјален тим кој покажа дека од минус седум може да се врати и да направи камбек“, изјави Алонсо.
Мешков Брест ќе се соочи со украинскиот првак Мотор Запорожје во осминафиналето од Лигата на шампионите.