По елимиинацијата од Европскиот Куп, тимот на Куманово се врати на победнички патеки во Женската лига и славеше против Спартак на гости со 45-18.
Нерешено беше само на стартот, 1-1, а потоа се беше во знакот на избраничките на Драгана Ристова. Беше 4-1, па 7-2 и стана јасно дека до крај само ќе ја броиме разликата во корист на Куманово.
На полувреме гостинките направија предност од 11 погодоци, 20-9, а во вториот дел само се зголемуваше до конечните 27 гола.
Незапирлива за одбраната на Спартак беше Бразилката Андреза Алмеида, која постигна 17 гола, а по девет пати погодија Сузана Зечевиќ и Пена Граматова.
Во составот на домаќинките се истакна Јана Ѓошевска со седум погодоци.