Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со одличните резултати во Првата машка лига, а новата победа беше обезбедена на гостувањето во Штип кај Текстилец со 36:19.
Освен почетните минути кои поминаа во неизвесност продолжението од средбата беше главно во контрола на гостите. Составот на Алкалоид имаше постојана предност така што во ниту еден момент немаше неизвеснсот која би најавила поионаков резултат.
После 17:8 на крајот од првото полувреме можеше да се продолжи во сосема лесен ритам до крајот, а гостите знаеја како да исконтролираат и да дојдат до триумф. Забележаа важни бодови така што на крајот од средбата немаа никаков проблем за да се стигне до триумф.
Со новите три бода Алкалоид стои цврсто на врвот во Групата Б од Првата машка лига и нема многу дилеми околу тоа кој тим е главен кандидат за првата позиција во оваа група.
ТЕКСТИЛЕЦ – АЛКАЛОИД 19:36 (8:17)
Сала: „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Шутев, Боболковски, Петров 1, Стојменов 1, Арсов 2, Хаџи Николов 6, Димитров 2, Димчевски, Т. Атанасов, Ристов 5, К. Атанасов, Трајчов 1, Савев, Димитријев, Јовановски 1
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.
АЛКАЛОИД: Галевски, Ермоноски, Стојков 5, Серафимов 4, Илиески 2, Ѓоргиев 2, Иваноски 4, Симоноски 3, Тодески, Кофиловски 7, Димовски 3, Јорданов 1, Костовски 2, Штаковски, Георгиевски 1, Стојковиќ 2
Седмерци: 4/7, Исклучувања: 6 мин.