Тимот на Алкалоид ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако славеше на домашен терен против составот на Вардар Неготино со убдливи 24 гола разлика, 40-16.
Со овoј триумф Алкалоид се зацврсти на второто место на табелата во групата А со 33 бода и тоа значи дека без оглед на резултатот од последното коло, во плеј-оф ќе пренесе два бода.
Неготинци парираа на стартот, но како одминуваше времето домаќините фаќаа ритам и градеа предност. По 11-8, следуваше серија од три гола на избраниците на Кире Лазаров за 14-8, а до крајот на полувремето беше 18-9.
Вториот дел беше само формалност, шанса за настап добија сите ракометари, но предноста на новајлијата во елитната конкуренција растеше до конечни 40-16.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Серафимов со седум и Дарио Кофилоски со шест погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Драган Кузманов со пет и Петре Пеовски со четири гола.