Алкалоид е победник на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Кадетскиот тим на Алкалоид го освои првото место на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, откако во финалето славеше над  единствениот интернационален учесник, тимот на Коњух од Живинице со 26:25 (15:14).

Бронзениот медал на турнирот му припадна на Еурофарм Пелистер, кој го надигра Бутел Скопје со пет гола разлика, 33:28 (18:14).

Петтото место го освоија ракометарите на Голден Арт, кои славеа против Аеродром со 33:32 (16:14). Најзаслужен за победата на Голден Арт беше голманот Лука Стојчевски, кој во последната секунда одбрани пенал.

Поради временските услови, натпреварите во текот на турнирот се играа во салата „Антон Димитров“ во Бутел и во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

На првото издание на турнирот победник беше Нексе Нашице, додека второто место го освои тимот на Војводина.