Дебитантот во Суперлигата, Алкалоид, пред стартот на подготовките активно работи во формирањето на тимот за новата сезона, во која ќе влезе со големи амбиции.
Според информациите на 24Ракомет, нов ракометар во составот на Алкалоид ќе биде поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Едвин Омерагиќ.
Младиот лев бек, кој има 19 години имаше кратка интернационална авантура, откако пред неколку месеци потпиша со германскиот тим Биберау, таму требаше да остане до 2024 година, но сепак, реши да се врати во Скопје.
Омерагиќ во својата кариера настапуваше и за екипите на Аеродром, односно Бутел. Екипата на Алкалоид за новата сезона ангажираше и четворица репрезентативци на Македонија, Никола Маркоски, Марко Митев, Михајло Младеновиќ и Благојче Трајкоски.
Алкалоид во дебитанската сезона во Суперлигата ќе игра во група А заедно со Вардар, Вардар Неготино, Куманово, Струга, Охрид, Прилеп и Бутел Скопје.