Иако коронавирусот продолжува да прави проблеми во еврпските натпреварувања и голем број дуели се одложени сепак ширум Европа се играше ракомет. Од групата на Металург сите три дуели се одложени, а групата на Еурофарм Пелистер се игра само нивниот дуел со Рајн Некар.
Од останатите групи во Лигата на Европа за мажи во првиот вечерен термин се одиграа три дуели, во Шведска беше многу интересно каде што Алингсас го угости Магдебург, а уште играа ЦСКА Москва против Нексе и Динамо Букурешт против француски Ним.
Алингсас и Магдебург одиграа до крај драматичен натпревар со многу пресврти кој на крајот го доби домашната екипа со 30:29. Најчесто се играше гол за гол во првиот дел, само во еден момент Магдебург поведе со два гола, но после 30 минути игра беше 15:14 за домашниот тим. Во вториот дел Алингсас имаше контрола на резултатот имаше водство од 21:18 и 26:22 но натпреварот влезе во драматичен финиш кој го доби шведскиот тим со гол во последните моменти од мечот.
Исто така и во Романија, Динамо и Ним одиграа борбен и неизвесен натпревар, на крајот победата им припадна на ракометарите на Динамо со 29:27. Ним најчесто беше во предност во првото полувреме и на одмор замина со минимална преднос од 14:15. Во продолжението Динамо од минус три успеа да стигне до плус три што беше доволно за конечна победа.
ЦСКА Москва беше убедлива на домашен терен против Нексе и славеше висока победа од 29:18. Во текот на целиот натпревар рускиот тим беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Уште по првите 30 минути домашниот тим имаше висока предност од 15:8 што беше доволно за конечен триумф.
Група А
Металург – Фиверс одложено
Висла Плоцк – Адемар Леон одложено
Тулуз – Чеховски Медведи одложено
Група Б
Динамо Букурешт – Ним 29:27 (14:15)
Фуксе Берлин – Татран 20:45ч.
Кристјанштад – Спортинг 20:45ч.
Група Ц
Алингсас – Магдебург 30:29 (15:14)
ЦСКА Москва – Нексе 29:18 (15:8)
Монпелје – Бешиткаш 20:45ч.
Група Д
Тримо Требње – ГОГ одложено
Рајн Некар – Еурифарм Пелистер 20:45ч.
Кадетен Шафхаузен – Татабања одложено