Алиловиќ и Миклер „избркаа“ еден голман од ПИК Сегед

Големата конкуренција на голманската позиција во ПИК Сегед ги примора луѓето од унгарскиот тим да направат потег кој ќе придонесе развој на младиот голман. Мартин Наѓ од нарендата сезона ќе настапува во првенството на Исланд.

Младиот 21-годишен голман ќе биде позјамен на екипата на Валур Рејкјавик и ќе ги брани нивните бои наредната сезона. Можеби ова е најдобар потег за Наѓ бидејќи покрај Роланд Миклер и Мирко Алиловиќ тешко ќе се избори за место на голот.

„Добив одлична понуда од Исланд и бидејќи мојот клуб ПИК Сегед соработува со нив јас ќе бидам играч на Валур Рејкјавик наредната сезона. Заминав на Исланд пред да започне пандемијата и имав време да го запознаам тимот и градот. Навистина ми се допадна се, возбуден сум што ја продолжувам мојата кариера во странство. Важен аспект е тоа што мојот нов тим ќе игра во европските купови, ќе имам можност да покажам што знам“, изјави Мартин Наѓ за официјалниот сајт на ПИК Сегед.

Наѓ е член на ПИК Сегед од 2015 година, но многу малку добиваше шанса. Позајмицата во Валур Рејкјавик би требало да му овозможи повеќе шанса за настапи и поголем развој.