Некогашниот македонски репрезентативец, а сега тренер – Александар Царчев, ќе биде нов предводник на женскиот тим на Вардар.
Тој доаѓа на местото на Драгана Ристова, која замина од клупата на Вардар на крајот на миината сезона.
Царчев по заминувањето од машкиот тим на „црвено-црните“, работеше во женскиот тим како тренер на голмани, пред да се пресели во Саудиска Арабија.
По завршувањето на работата заедно со Дидие Динар во стручниот штаб на Саудиска Арабија, Царчев повторно се врати во Вардар и работеше со голманките, па нема да му биде потребно време за адаптација, бидејќи одлично ги познава ракометарките.
Вардарки оваа година не се пријавија за учество во Европскиот Куп и ќе бидат активни само на домашна сцена во Женската лига, а денеска ќе ги дознаат противниците во групата.