Машката младинска репрезентација на Македонија го освои петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна.
Избраниците на Бранко Ангеловски славе против Украина со 26-23, а најдобар стрелец беше Александар Петковски.
Десното крило по завршувањето на натпреварот беше прогласен за најкорисен играч од македонскиот состав, односно за МВП.
Петковски беше стрелец на седум гола од десет обиди. Нема да има голем одмор за него бидејќи ќе се подготвува за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во Рига.