Екипата на Радовиш, која и во следната сезона ќе игра во македонската елита реши да ја продолжи соработката со столбот во одбраната, Александар Марков.
Претходно клубот ги продолжи договорите со левото крило, Кристијан Ристов, десното крило, Филип Трајанов, голманот Славјан Паунов, кружниот напаѓач Томче Трајчевски, како и со тројцата ракометари кои настапуваат на бековските позиции, Ангелче Органџиев, Здравко Постолов и Иванче Ончев.
Од Радовиш официјално си замина средниот бек, Бобан Каковски, додека Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев ставија крај на својата ракометна кариера.
Минатата сезона Радовиш преку бараж го обезбеди опстанокот во елитното друштво, а оваа сезона дилемите беа решени пред крајот на плеј-аутот. Радовиш сезоната во домашното првенство ја заврши на 10. позиција на табелата.