Алборг ја продолжи победничката серија, славеше на гостувањето кај Монпелје

Ракометарите на Алборг имаа ново сигурно издание во 13. коло од Лигата на шампионите и како гостин го совладаа Монпелје со 33-31. Со овој триумф данскиот претставник го задржува првото место во групата А.

Французите се наоѓаат во лоша форма и веќе четврти натпревар по ред не знаат за победа во Лигата на шампионите. Алборг пак шест натпревари во низа не знае за неуспех и со денешните два бода се зацврсти на првата позиција во својата група.

Почетокот на натпреварот беше неизвесен и се играше гол за гол. Во 14-та минута Алборг со голот на Клаар успеа да заводи со три гола разлика. Со головите на Деска и Нациновиќ, Монпелје ја стопи предноста и дојде на минус еден но тоа беше се што направија во првото полувреме. Данците го диктираа ритамот на игра и постепено ја зголемуваа предноста. Во 28. минута со голот на Палмарсон, Алборг дојде до највисоки +6, разлика која ја сочува до паузата, 20-14.

Стартот од вториот дел беше изедначен и се играше гол за гол па разликата која данците си ја обезбедија во првото полувреме беше доволна да имаат контрола на натпреварот. Во 49-та минута Јулиен Бос за прв пат успеа да намали на -3, но Данците брзо возвраќаа со гол. Деска во два наврати ја враќаше разликата од -3, но Алборг со головите на Клар брзо се врати на +5, 32-27. Во 59-та минута со голот на Валентин Порт, екипата на Монпеље дојде на минус два најавувајќи можно изненадување но сепак беше доцна и немаше време за нешто повеќе.

Најефикасен во екипата на Алборг беше Феликс Клар со 10 гола од 11 обиди, додека 5 постигна Јул Ласен. Во составот на Монпеље со 8 гола се истакна Уго Деска, додека 5 гола постигна Симоне.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ870114
2ПСЖ ХЕНДБОЛ860212
3СПОРТИНГ851211
4ДИНАМО БУКУРЕШТ850310
5ФУКСЕ БЕРЛИН84048
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР81254
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА81163
8ВИСЛА ПЛОЦК81072