Според информациите на RTHandball, голманот на Рајн Некар Левен, Микаел Апелгрен, по крајот на оваа сезона ќе го смени клубот.
Чуварот на мрежата на шведската репрезентација би можел да се врати во Данска и да го чува голот на Алборг.
Тој бил присутен на трибините меѓу Алборг и Митјиланд, па веројатно оттука почнаа шпекулациите за трансферот по крајот на сезоната кога му завршува договорот со „лавовите“.
Апелгрен би формирал дуо со Никлас Ландин, кој од 2023 година исто така од Бундес лигата од Кил ќе се пресели во Алборг.
Шведскиот голман бранеше за Сковде и Мелсунген, пред во 2015 година да замине во Рајн Некар Левен.