Следниот ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Алборг, пред дуелот со битолчани одигра првенствен натпревар со Сондерјуске и забележа победа од пет гола разлика, 32:27.
Во триумфот над Сондерјуске најефикасен беше големата надеж на данскиот ракомет, десниот бек Мадс Хоксер, кој постигна шест погодоци, додека по по пет запишаа Лукас Нилсон и Бустер Јул Ласен.
Десното крило Кристијан Бјорнсен доби поштеда, Хансен влезе само кратко во игра, додека Никлас Ландин беше на голот.
Алборг по четири одиграни натпревари во најсилното натпреварување во Данска, моментално, е единствениот тим кој има 100% ефект, односно нема загубено бод. Данскиот вицепрвак во претходните три кола ги освои планираните бодови против Есбјерг, Морс и Скјерн.
Ракометарите на Алборг во првото коло од Лигата на шампионите го изненадија Келце со 34:31. Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во среда (20 септември), со почеток од 20:45 часот.