Алборг со бодови се враќа од Словенија

Во рамки на групата Б од Лигата на шампиони за мажи првиот натпревар го одиграа екипите на Целје и Алборг. Првите бодови ги освои гостинската екипа од Данска која славеше со 31:29 над словенечкиот шампион Целје.

Данскиот состав го имаше почетното водство на натпреварот, после 1:2 и 2:3 веќе во седмата беше 2:5 негатива за Целје. Домаќинот никако не успеваше да дојде до израмнување се до 16. минута кога Хорзен погоди за 9:9.

Следуваше подобар период на ракометарите на Целје кои успеаја да дојдат до првото водство на мечот, Кодрин и Гребенц беа прецизни за 12:10 во 21. минута. До крајот на полувремето се играше многу борбено и израмнето, сепак по првите 30 минути домашниот тим успеа да обезбеди предност од 16:15.

Почетните десет минути продолжија во ист ритам на двете страни, сепак Алборг го презема водството и во 40. минута повторно имше предност од три гола, 21:24. Мазеј со два последователни гола намали на минус еден, но веќе во 50. минута повторно беше три предност за гостите.

До крајот на дуелот Алборг стигна и до највисоки четири гола предност кои Целје усепа само да ги преполови и да го ублажи поразот. Најефикасен во домашниот тим беше Кљун со шест гола, а Јосип Шарац постигна пет погодоци. Во победничката екипа на Алборг, Магнус Јенсен беше најдобар со седум гола, а Самуелсон постигна пет.