Екипата на Алборг станува сè посилна и во следната сезона дефинитивно ќе има состав кој би можел да стигне до пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а ново име е репрезентативецот на Норвешка, Кристијан Бјорнсен.
Десното крило кое настапува за тимот на Вецлар на крајот од оваа сезона го напушта клубот од Бундес лигата и се сели во Данска. Тој ќе биде само уште едно големо кое доаѓа во клубот, а потпиша договор на три години.
Засега е единствениот сигурен кој потпиша за новата сезона, а пред договор се и Швеѓанецот Јеспер Нилсен (Рајн Некар), Данецот Јакоб Холм (Фуксе Берлин) и Исланѓаните Арон Палмарсон (Барселона) и Сигвалди Гудјонсон (Келце).
За сезоната 2022/23 веќе е договорен Микел Хансен од ПСЖ, а пред финализирање на договорот се и уште три Данци, Мадс Менсах Ларсен (Флензбург), Никлас Ландин (Кил) и Емил Нилсен (Нант). Тука се и Швеѓаните Мак Дарј (Бергишер) и Андреас Нилсон (Веспрем).
Доколку успеат да ги ангажираат сите овие ракометари од Алборг тогаш овој тим ќе стане главен кандидат за освојување на круната. Се работи за голем проект, а остварлив бидејќи во него влага милионер од Данска.